Едита Арадиновиќ неодамна на јавноста преку социјалните мрежи и соопшти дека повеќе нема да биде дел од групата „Министерки“.
На нејзнино место ќе дојде пејачката од „Ѕвездите на Гренд“, Кристина Дениќ.
Сексапилната пејачка викендов го имаше и првиот настап со групата на местото на Едита.
Имено, Кристина веќе година дена е придружен вокал на „Министерки“, а настапот кој им беше закажан еден месец однапред мораше да се случи, но сепак не во намалена постава, туку со Кристина која застана во првиот ред со останатите „министерки“.