Српската пејачка Ана Севиќ е многу активна на социјалните мрежи, па така со своите обожаватели споделува приватни, но и одбрани приватни работи.
Овој пат таа ја објави личната карта, сакајќи да се пофали дека добро и испаднала фотографијата.
-Со месеци сум во шок од убавината на мојата слика во личната карта. Ова се случува една од живот. Чуда се случуваат кога во нив веруваме. И тоа од прва, напишала Ана.
Меѓутоа, вниманието на јавноста го привлече нешто друго. На личната карта се гледа дека таа повеќе не е Севиќ, туку Недељковиќ.
Пред неколку месеци се шпекулираше дека Ана се омажила за новиот партнер Даниел Недељковиќ, но никој од нив јавно не се огласи. Сега овие шпекулации се и официјално потврдени со промената на презимето на пејачката во нејзината лична карта.