Гордана Шаулиќ, вдовицата на кралот на народната музика ги спакувала коферите и заминала од куќата на Дедиње.
Идниот месец се навршува една година од трагичнат смрт на Шабан Шаулиќ, кој загина во Германија во сообраќајна несреќа. Неговата сопруга Гордана и натаму тешко го поднесува неговото заминување, а речиси една година по неговата смрт одлучила да ги спакува коферите и да се исели од куќата во која живееле заедно, пишува Пинк.рс.
Гордана го променила живеалиштето, а некогашниот дом на Дедиње се дава по наем.
-Гоца и Шабан најчесто беа сами, децата им доаѓаа, но секое од нив има своја куќа или стан. Кога Шабан загина, таа остана сама и во домот кој е навистина преголем за самец. Поради тоа пед извесно време одлучи да се пресели во нов помал дом, објаснува добро информиран извор и додека дека куќата е веќе издадена, но се уште во неа не живее никој.
Вратите се заклучени, тивко е и мирно, ролетните се спуштени, а од капијата е трнат и објавениот некролог кој со месеци стоеше таму.
Домот на Шаулиќ во овој дел од Белград се протега на површина од 600 метри квадранти, а за нејзиното купување и реновирање потрошени се близу милион евра.