Пејачката Лепа Брена често на својот Инстаграм споделува фотографии од младоста и се сеќава на убави моменти.
Иако Лепа Брена е долги години во јавноста, малкумина знаат како изгледа нејзината сестра.
Имено, Брена има брат Фарук, кој имавме можност да го гледаме во музичкото натпреварување „Никогаш не е доцна“ и сестра Факета, која ретко се појавува во јавноста. Таа сега на Инстаграм објави фотографија со својата сестра со која поминува многу време.
– Од кога знам за себе, нашата мајка убаво пееше севдалинка. Сепак, Факета почна да пее пред мене, потоа брат ми Фарук, а потоа јас под влијание на професорката по музичко образование Радмила Ќоровиќ. Бев хиперактивно дете, па моите родители, како брат ми и сестра ми, ме насочуваа кон спортски активности, а ние всушност најмногу уживавме во пеењето во хорот. Пораснавме слушајќи музика од фестивали како Илиџа, фестивалот Опатија, Белградската пролет – изјави Брена за „Стори“ пред неколку години.