Александар Фута Радуловиќ и понатаму се чувствува многу тешко и не може да се помири со вистината дека и неговиот син Милан Лаќа Радуловиќ повеќе го нема.
Од погребот на својот син на 27 декември тој неколку пати ги посетил гробовите на своите синови и сопруга Марина Туцаковиќ.
-Фута сака да доаѓа сам и на мира да седи на гробиштата, секогаш доаѓа со такси и останува таму по еден час. Секогаш пали свеќи, па пали и цигара и зборува со Марина и синовите. Се исплакува и му олеснува, вели извор близок до Фута.
Изворот вели дека во наредниот период Фута има намера да ја исполни последната желба на Лаќа.
Станува збор за објавување на збирка песни кои ги напишала Марина Туцаковиќ, а нејзиниот син веќе започнал тоа да го прави, но за жал не успеа во тоа.
-Лаќа сакаше на едно место да ги собере сите текстови на мајка му и со тоа да се занимава кога ќе се врати од Израел. Целиот приход од оваа книга тој планира да ги донира во „Фондацијата Марина Туцаковиќ“ која е основана во 2021 година за борба против рак на дојката, завршил изворот за српските медиуми.