среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Георгина ги збудале папараците во Венеција- покажа ли премногу ? (ФОТО)

Георгина ги збудале папараците во Венеција- покажа ли премногу ? (ФОТО)

Гeоргина Родригез беше главната sвезда на 77-от филмски фестивал во Венеција, првиот голем спектакл што се случил од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Една од најпознатите жени на фудбалери избра нежен розов фустан со висок шлиц за таа пригода, што и направи малку проблеми на црвениот тепих.

Атрактивната 26-годишна бринета беше многу внимателна да не им покажува премногу на фоторепортерите додека излегува од автомобилот, но се покажа дека секој чекор на црвениот тепих претставува ризик, а фотографите неуморно демнат.

Иако станува збор за милиметри, фустанот на крајот се покажа како безбеден, и покрај предизвикувачкиот крој.

Георгина и Кристијано Роналдо се запознале додека таа работела како продавачка во продавницата на Гучи, а со текот на годините нејзината популарност се зголеми толку многу што неодамна беше објавено дека за една објава на нејзиниот профил на Инстаграм, каде ја следат 17 милиони луѓе, таа зема 8.000 евра.

Наводно, Роналдо и дава по 100 000 евра за трошење секој месец, а истата сума ја бара и од медиумите кои сакаат интервју со неа.

Во јануари, предизвика гласини дека таа и Роналдо се венчале, откако во роденденска честитка го нарече нејзин сопруг.

Најнови вести