![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
Георгина Родригес ги одушеви нејзините обожаватели на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија како вежба во теретана.
Вели дека најчесто прави вежби кои вклучуваат употреба на растегливи ленти, тегови и слично, а во вежбалница оди шест пати неделно.
Од најрана возраст вежба балет и смета дека токму тој е најмногу заслужен за нејзината совршена фигура. Исто така, неодамна откри дека балетот многу е корисен и за нејзиното ментално здравје.
Во разговор за Women’s Health раскажа дека се соочила со голем предизвик кога почнала да тренира со спортист каков што е Кристијано Роналдо. Но, со редовен тренинг успеала да го достигне неговото темпо.
Но, јасно е дека тренингот не е доволен. Треба да се обрне внимание и на исхраната. Нејзините оброци најчесто изгледаат вака:
Појадок: јајца, авокадо тост и сок од портокал
Ужина: протеинско смуди
Ручек: пилешки гради, зеленчук и ориз
Вечера: интегрални тестенини со чаша црвено вино или лосос со компир и зеленчук.