вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ГЕОРГИНА РОДРИГЕЗ НА УДАР НА КРИТИКИ: Се сликала во црква во секси фустан и марама (ФОТО)

ГЕОРГИНА РОДРИГЕЗ НА УДАР НА КРИТИКИ: Се сликала во црква во секси фустан и марама (ФОТО)

Георгина Родригез (28), девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (37), на својот инстаграм-профил сподели серија фотографии кои се направени во познатото светилиште во Фатима, Португалија, но набрзо се најде на мета на критики поради изборот на облека за одење во црква.

Таа избрала тесен фустан со шлиц, кој го искомбинирала со дизајнерски модни додатоци – чанта „Шанел 2.55“ во бела боја чија цена е 8.995 евра и марама од истиот бренд, која чини 450 евра, а комбинацијата ја заокружила со сандали на „Ермес“ кои чинат 700 евра.

– Продолжи да ме водиш и да ми го осветлуваш патот Девице“, напишала Георгина под фотографијата, а набрзо следеле бројни коментари од следбениците. Некои рекле дека изгледа одлично, додека некои мислат дека претерала и дека нејзиниот аутфит како и објавените фотографии не се соодветни.

„Не мора да носиш фотоапарат со себе кога се молиш и би можела барем да имаш доволно почит кон себе и црквата да го покриеш твоето тело“, „Ова не е место за таква облека“, „Дури и во црква го става задникот во преден план“, „Ова е како реклама на „Шанел“ во црква“, „Дали се потребни вакви фотографии?“, „Оваа облека е сосема несоодветна за вакво свето место“, е само дел од коментарот.

Најнови вести