понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ГИ МОЛЕШЕ ДОКТОРИТЕ ДА НЕ УМРЕ ОД РАК: Лепа Брена итно оперирана откако и било соопштено дека има мутиран ген!

ГИ МОЛЕШЕ ДОКТОРИТЕ ДА НЕ УМРЕ ОД РАК: Лепа Брена итно оперирана откако и било соопштено дека има мутиран ген!

Пејачката Лепа Брена не сака да ги открива приватните проблеми, но открила дека се соочила со здраствен проблем, поради кој морала да оди на итна операција. Имено, Брена признала низ што морала да помине.

„Имав сериозна операција на циста на јајникот во 2010 година. Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да го направам тој познат БРЦ тест, кој покажа дека имам мутиран ген и големи шанси да добијам рак на дојката. Тумор маркерот ми беше доста зголемен и итно заминав на операција на циста на јајникот“ – рекла пејачката пред неколку години.

„Едно два дена не можев да го кажам мојот број на телефон, бидејќи бев во шок. Имав таков страв дека нема да ги изнесам децата на пат, дека сешто може да се случи. Ужасни слики ми поминуваа низ глава. Сепак, најдобро е да ги прифатите тешките моменти на време и да знаете како да се борите со нив и да не бегате од проблемот“ – рекла Брена, која во тој момент подготвувала два солистички проблеми, но молчела за ова за да не ги вознемири луѓето кои работеле со неа.

Сепак, со пријателите и семејството споделила се она што ја мачело, а болеста на Лепа Брена ги вознемирило и нив.

„Таа плачеше секој ден. Го молеле докторот да ја спаси, му велеше дека не сака да умре од рак… Низ глава и поминуваа разни мисли. Ние ја тешевме колку можевме“ – изјавила нејзина блиска пријателка.

Најнови вести