Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ги спакува куферите и отпатува за Швајцарија каде ужива во луксуз.
Имено пејачката веднаш штом пристигна во Швајцарија на социјалните мрежи се пофали во каков луксузен апартман е сместена.
Деталите од вистинскиот „рај“ и кралски апартман веднаш наидоа на позитивни коментари од нејзините фанови порачувајќи и да се одмори убаво по раскинувањето со момчето.
„Те дочекаа како кралица“,„вистински рај“, „би се затворил во апартманов и никаде не би излегол“, се само дел од коментарите.
Засега инаку не е познато дали поради работа или на одмор е замината Цеца, но едно е сигурно, дека ќе ужива.