Младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ синоќа имаше закажан настап во Есен, Германија. Сепак, средбата со публиката за жал не се одржа поради здравствената состојба на Анастасија.
Таа пред настапот не се чувствувала добро, па истиот морала да го откаже. Фановите беа загрижени, а пејачката тажна што концертот не можел да се случи.
На местото каде се наоѓала била викната Брза помош, па на пејачката и била дадена инфузија.
Папараците на порталот Пинк.рс ја сликаа Ражнатовиќ попладнево на аеродромот „Никола Тесла“.
Таа превентивно и поради мерките против ширење на коронавирусот имаше заштитна маска на лицето под која можеше да “ѕирне“ насмевка.
Анастасија на својата публика и вети нов датум за настап, па веруваме дека наскоро повторно ќе се појави во Есен, штом се создадат сите услови.