среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Хаџиманов се вакцинирал од коронавирус – радосната вест ја споделил со сите, а денес почина од вирусот (ФОТО)

Хаџиманов се вакцинирал од коронавирус – радосната вест ја споделил со сите, а денес почина од вирусот (ФОТО)

Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина како последица на вирисот Ковид-19, јавија српските медиуми.

Она пак што паѓа во очи е што Хаџиманов на 5 март на својот фејсбук профил има објавено дека се вакцинирал против Ковид-19 заедно со неговата сопруга Сенка Велетанлиќ.

„Сенка и јас се боцнавме, после долго чекање. Две пријатни дами не пецнаа неосетно. Вакцината ќе не спаси од куќен затвор“, напишал Хаџиманов на 5 март.

Она што не е јасно дали ја примил и втората доза на вакцина и кога точно се заразил.

Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград. Зад себе остави над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Најнови вести