петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

И таа е позната пејачка: Синот на Лепа Брена има нова девојка – поради ОВА таа е уникатна (ФОТО)

И таа е позната пејачка: Синот на Лепа Брена има нова девојка – поради ОВА таа е уникатна (ФОТО)

Виктор Живојиновиќ, помладиот син на Лепа Брена, не сака да се истакнува во медиумите, но неговиот љубовен живот постојано е во очите на јавноста.

Имено, пред извесно време Виктор ја прекина долгогодишната врска, а сега веќе подолго време ужива со атрактивната колешка на мајка си и поранешна ѕвезда на Гранд.

Станува збор за убавата и згодна пејачка Лена Чолак, препознатлива по својата необична фризура. Таа е уникатна по тоа што со години има две бои за коса и неодамна реши да ја смени.

-Виктор и Лена се познаваат подолго време, бидејќи била ангажирана да пее на приватните прослави на семејството Живојиновиќ. Дури и тогаш му го привлекла погледот на Виктор, но меѓу нив никогаш ништо не се случило. На Виктор му се допаѓа колку е амбициозна и спонтана Лена, особено е задоволен што таа не ја гради својата кариера на скандали. Не се надеваше дека таа ќе се појави на настанот на кој се наоѓаа, па кога го виде тоа беше многу среќен, изјавил изворот за „Стар“ пред подолго време.

Сега, според пишувањата на српските медиуми, работите се промениле, па Виктор и Лена се заедно.

Инаку, Лена привлекува големо внимание со своите слики на Инстаграм, а поради нејзината убавина и добро тело ретко кој останува рамнодушен.

Најнови вести