Српската пејачка Александра Пријовиќ следниот месец ќе стапи во брак со синот на Лепа Брена Филип Живојиновиќ, а во екот на подготовка на нивната свадба пејачката откри детали за прославата.
Таа прв пат во јавноста откри кој ќе им свири на свадба, а според списокот на пејачи очигледно загарантирана е голема журка.
Имено за атмосферата парот ги ангажирал Тропико бен, Асо Софронијевиќ, како и Дејана Петровиќ.
Александра и Филип ќе стапат во брак на 21 јуни, а пејачката откри и дека ќе промени дури три невестински фустани.