вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Или многу пијат или ќе има тепачка: Дара Бубамара проговори за своите настапи кои секогаш се распродадени

Или многу пијат или ќе има тепачка: Дара Бубамара проговори за своите настапи кои секогаш се распродадени

Популарната Дара Бубамара важи за една од најенергичните пејачки на балканската естрада.

Таа плени со својата енергија и харизма, а пред камерите на шоуто „Премиер – Викенд Специјал“ откри како се подготвува за настапите, но и како изгледаат самите концерти.

-Мене цел ден ми беше посветен на овој настап. Да се сконцентрирам, да изберам што ќе облечам… Јас вложувам во моите песни, многу работам, рече Дара.

Таа се пошегува и дека на нејзиниот настап често се случуваат тепачки.

-Нормално е публиката или многу да испие или да има тепачка. Тоа е таа енергија со која зрачам и по која луѓето целосно лудуваат. Кога настапувам јас и некој ќе ми каже дека никој не се степал, прашувам дали е можно, изјави Дара Бубамара.

Најнови вести