Синот на покојната авторка на најголемите хитови откри сè за околностите што се случија на гробиштата.
Комеморацијата на Марина Туцаковиќ е закажана за 24 ноември во Градското собрание, а главен организатор е нејзиниот син Милан Радуловиќ Лаќа. Како што пишуваат тамошните медиуми, тој веќе ангажирал тим да организира и подготви сè на ниво, а наводно се погрижил некои луѓе да не присуствуваат.
-Искрено, не знам што прави Лаќа освен дека беше во Градското собрание да побара дозвола за комеморацијата. Задачите веќе им ги подели на луѓето што му помагаат, и на големо се подготвува комеморацијата. Јас правам нешто сосема друго. Не знам ни на кого му праќа покани, а на кого не за тој ден. Дотогаш има уште време, сè ќе се слушне навреме. Сите информации ќе ги објави на социјалните мрежи“, изјави Фута, сопругот на Марина.
Од друга страна, порталот „Србија данас“ пренесува дека блиска пријателка на Марина открива дека Лаќа нема да им дозволи сите од естрадата да присуствуваат на комеморацијата на неговата покојна мајка.
Кога зборувавме за комеморативната сала, Лаќа сакаше тоа да биде некаде каде што не може секој да влезе. Не сака падобранци, тоа нема да го толерира ни по цена да избие скандал. Ми објасни дека сите што треба да се појават ќе бидат информирани и поканети, но ми нагласи дека има и црна листа. Нема лутење, но многу пејачи сигурно ќе се изненадат“, изјавила пријателката на Лаќа.