среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Има ли поголема болка и пекол од овој што го преживувам – Марина Туцаковиќ откри која песна од Цеца и помага во овие тешки моменти

Има ли поголема болка и пекол од овој што го преживувам – Марина Туцаковиќ откри која песна од Цеца и помага во овие тешки моменти

Текстописецот Марина Туцаковиќ и понатаму ја води битката со тешката болест, а во неколку наврати во медиумите отворено говореше за тоа.

Таа за српските медиуми овој пат вели дека состојбата и е непроменета и дека некогаш се чувствува добро, а некогаш буквално се чувствува како да потонува.

-Онака се чувствувам. Често ми варира здравствената состојба. Некогаш ми е добро, некогаш лошо. Редовно одам на лекар и на терапии. Измачена сум, но и понатаму се борам, седам по дома, пишувам песни, но слабо има мелодии. Пазам со кого се дружам поради коронавирусот, времето е депресивно, луѓето се депресивни и се застана во светот со овој вирус, раскажува Туцаковиќ.

Таа додава дека нема поголема болка од таа што ја проживува и дека истата не сака да ја преточи со песни.

-Во тешките моменти најмногу ми помага песната „Кукавица“ неа ја доживувам и таа е песна која е без временска. Не можам да кажам омилена, но секогаш ја слушам, додава таа во овие тешки моменти од својот живот.

Најнови вести