вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ИМА ПОВЕЌЕ КЛИКОВИ И ОД ОРГИНАЛОТ – ова е најгледаниот настап на „Ѕвездите на Гранд“ на сите времиња, има над 70 милиони прегледи (ВИДЕО)

ИМА ПОВЕЌЕ КЛИКОВИ И ОД ОРГИНАЛОТ – ова е најгледаниот настап на „Ѕвездите на Гранд“ на сите времиња, има над 70 милиони прегледи (ВИДЕО)

Музичкото натпреварување кое со години привлекува најголемо внимание е секако „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, многу корисници на социјалните мрежи велат дека аргументите на членовите на жирито најмногу придонесуваат за гледаноста и дека тие најмногу ги прераскажуваат и гледаат нивните приказни и дискусии, но вистината е всушност малку поинаква.

Најголем впечаток оставаат пејачите и пејачките кои со гласот го „разнесуваат“ жирито, а во најголем број случаи гледачите ги оставаат без зборови крај малите екрани.

Најгледаниот настап досега во „Ѕвездите на Гранд“ има над 70 милиони прегледи и го надмина дури и оригиналот, а доказ за тоа се бројните прегледи и коментари кои од ден на ден се зголемуваат.

Станува збор за Амар Гиле Јашарспахиќ, сега веќе популарен пејач, кој при првото појавување во споменатото натпреварување освои големи симпатии кај публиката.

Амар стекна популарност поради неговиот раскошен глас кој публиката уживаше да го слуша, па не чуди што има толку многу прегледи на платформата Јутјуб.

Гиле пред девет години во „Ѕвездите на Гранд“ во оригиналната изведба на Пеџа Меденица го отпеа хитот „Имам љубов ама кому да ја дадам“, а изведбата го собори рекордот кога се во прашање критиките.

Гледачите истакнуваат дека емоцијата во неговиот глас е неверојатна и дека песната ја отпеал од срце.

Најнови вести