вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ИМА САМО 10 ПРИМЕРОЦИ ВО СВЕТОТ – Роналдо се поднови со нов „ѕвер“ кој може да забрза од 0-100 км/ч за само 2,4 секунди! (ФОТО)

ИМА САМО 10 ПРИМЕРОЦИ ВО СВЕТОТ – Роналдо се поднови со нов „ѕвер“ кој може да забрза од 0-100 км/ч за само 2,4 секунди! (ФОТО)

На Кристијано Роналдо му беше испорачано ново „Bugatti Centodieci“, еден од најексклузивните автомобили во светот.

Португалецот е огромен љубител на суперавтомобили, а најновиот тркачки автомобил му беше испорачан во Саудиска Арабија, каде моментално игра за Ал-Наср.

Најновиот модел на Bugatti, француска компанија која неодамна стана дел од Bugatti Rimac во сопственост на Mate Rimac, вреди осум милиони евра и ги има само десет во светот.

Станува збор за автомобил со мотор W16 со зафатнина од осум литри и 1600 коњски сили, а максималната брзина му е електронски ограничена на 380 километри на час. Може да забрза од 0-100 km/h за 2,4 секунди, што е фасцинантна бројка ако се земе предвид дека автомобилот тежи речиси два тона.

Колекцијата на автомобили на Роналдо досега вредеше 30 милиони евра, а откако тој ги паркираше Centodieci во гаражата, вредноста на колекцијата порасна на речиси 40 милиони евра. Ова не му е единственото Bugatti, а покрај Centodieci ги има и моделите Veyron Gran Sport Vitesse и Chiron.

Најнови вести