Текстописецот работеше на фељтон во кој пишуваше за болеста на мајка си, но и за неговиот однос со неа, а започна и кампања за формирање Фондација за помош на жените кои боледуваат од рак.
Веста дека почина текстописецот Милан Радуловиќ Лаќа, син на покојната хитмејкерка Марина Туцаковиќ, ја изненади целата јавност. Според пишувањата на медиумите, тој бил пријавен за исчезнат на 12-ти декември, а една недела подоцна бил пронајден мртов поради последиците од предозирање со нелегални супстанци.
По смртта на мајка му, Лаќа имал големи планови со татко му Александар Радуловиќ Фута. Покрај тоа што работеше на фељтон посветен на Марина, тој започна и кампања за формирање Фондација за помош на жените кои боледуваат од рак, но сепак не успеа да ги спроведе своите идеи до крај. Фондацијата требаше да почне со работа на крајот на јули, но овој проект до денес не е реализиран.
-Првиот чекор е збирка песни. Со татко ми сме се поблиску до отворањето на фондацијата Марина Туцаковиќ, која нема врска со нејзината работа, туку со судбината. Фондацијата би им пружила помош на жени заболени од рак, чиј број е огромен, кога доаѓаат на лекување немаат сместување, некои се тешки случаи и треба да заминат во странство, изјави Лаќа Радуловиќ за „Ало“.
-Подготвуваме аукција на гардеробата и наградите на мајка ми за обезбедување почетен капитал. Кога ќе заврши оставината, одреден процент од мојот дел од нејзините авторски права ќе и дадам аманет на фондацијата, а веројатно и на тато. Сигурно е дека нема да бидам директор на фондацијата, но со неа ќе работат жени кои или поминале низ таа приказна или на сличен начин се занимавале со неа, изјави одамна.
Тој додаде дека основачи ќе бидат Љубица Његомир, ќерката на Мерима Његомир и тој самиот.
-До крајот на јули ќе биде формирана Фондацијата Марина Туцаковиќ. Основачи ќе бидеме јас и Љубица Његомир, како зачетници на идејата за организација против рак на дојка и рак на панкреасот. Сите кои се расположени да ни се придружат во борбата, можат да ни пишат, напиша Лаќа како дел од објавата на Твитер.
! FONDACIJA TUCAKOVIĆ NJEGOMIR ! pic.twitter.com/FZflBDf4dZ
— Милан Радуловић (@RioJaggerr) February 20, 2022