Данијела Враниќ, поранешната „кралица на сплавовите“, која важеше за една од најпопуларните пејачки на српската естрада, се повлече пред точно десет години од сцената, кога беше на врвот на својата популарност.
Иако медиумите неколку пати се обидуваа да дојдат до неа, таа мистериозно исчезна по завршувањето на нејзината музичка кариера, а оттогаш ништо не се знае за неа. Своевремено се пишуваше дека купила стан во Белград, па од главниот град се преселила во Ваљево да живее со родителите, а според последните информации кои се појавија во јавноста, таа моментално живее во стан кај Шабац.
За тамошните медиуми проговори нејзината поранешна пријателка која веднаш изјави дека оваа информација не е точна.
-Тука не живеат ниту Даниела ниту нејзиното семејство. Порано живееле таму, но тој стан го продале. Таа не беше тука со години, но сите ја сакаа многу. Колку што знам, таа сега живее во околината на Ваљево, каде купила куќа и плац и се занимава со земјоделство. Таа сè уште не сака да биде во медиумите, па ја купила куќата под друго име, а сега, не сум сигурна дали го променила идентитетот или некој друг го продал имотот во нејзино име. Во Ваљево се нејзините родители и сестра, на кои таа им забранила да објавува нејзини слики, па ја нема ни на социјалните мрежи. Малку ја дотера линијата, но заврши со естрадата за сите времиња, изјави пријателката на Даниела.
Таа изјави дека пејачката тешко ја раскинала врската со Аца Лукас, па се препуштила и на алкохолот.
-Лукас беше нејзината најголема љубов, многу го сакаше. Тешко се снајде кога тој започна врска со Соња. Потоа почнала да пие, а потоа се здебелила. Тоа навистина ја погоди. Мислам дека таа никогаш не го преболела. Потоа се мразела себеси, па се случил скандалот со полицијата. Сето тоа влијаеше да се распадне и да се повлече од јавноста, изјавила нејзина пријателка.