среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Исчезна возачот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Исчезна возачот кој ја предизвика сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во февруари минатата година додека со квалијатуристот Мирсад Кериќ (43) се враќале од настап. Во нивниот автомобил удри Турчинот Алсин Левент (36), кој според најновите информации исчезнал од градот каде живеел.

За сообраќајната несреќа се уште не е започнат судскиот процес, а медиумите пишуваат дека Левент кој е пуштен од притвор исчезнал од градот Гитерсло каде до неодамна и живеел.

Обвинението против него е покренато во август, а покрај убиство од небрежност во два случаи, обвинет е и за нанесување на тешки повреди, загрозување на сообраќајот и возење без возачка дозвола. Пред да биде пуштен на слобода, тој помина 11 недели во притвор.

Германски Nw.de пренесува дека Левент не живее повеќе во Гитерсло. Ни неговиот адвокат не сака да обелодени каде се наоѓа клиентот, на кој како што тврди, во меѓувреме му биле испраќани бројни заканувачки по живот пораки.

-Според податоците кои ги утврди истрагата, Левент се товари за невнимателно возење кое усмрти две лица. Со оглед на тоа дека возел под дејство на алкохол нема сомнеж дека повторно ќе се најде зад решетки. Анализите од обдукцијата не укажуваат на тоа дека Шаулиќ, кој бил на совозачкото седиште, и Кериќ кој бил возач, не биле врзани со појас. Овој податок ќе биде исклучително важен во моментот на изрекување на пресудата за Левент, објавуваат германските медиуми.

Левент, според локалните медиуми, возел пијан и под дејство на дрога речиси двојно повеќе од максимално дозволената брзина.

Најнови вести