сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Иван Јованов од „Либеро бенд“ ќе стане татко – сите се прашуваат која ли е идната мајка, еве какво дете очекува парот (ФОТО)

Иван Јованов од „Либеро бенд“ ќе стане татко – сите се прашуваат која ли е идната мајка, еве какво дете очекува парот (ФОТО)

Пејачот од Либеро бенд, Иван Јованов ќе стане татко. Во моментов се одржува прослава со најблискиот круг на пријатели и семејство на која го открија полот на бебето кое го очекуваат.

Со својата понежна половина Ивана штотуку дознаа дека очекуваат девојче.

Многумина се изненадени од фактот дека Јованов ќе стане татко, бидејќи веста доаѓа неочекувано, а очигледно пејачот својот љубовен живот добро го криел од медиумите, откако раскина со пејачката Антониа Гиговска.

На фотографиите може да се забележи дека заљубениот пар навистина се радува на веста дека бебето кое го очекуваат ќе биде девојче, а честитки до нив пристигнуваат од сите страни.

За потсетување, поранешна девојка на Иван Јованов беше македонската ѕвезда Антониа Гиговска, која по кратко време од раскинувањето со него, се реализираше во улога на мајка, а нејзиниот избраник беше близок пријател на Иван.

Најнови вести