вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јелена Карлеуша ѝ се потсмева на блиската „другарка“ поради овој стајлинг (ФОТО)

Јелена Карлеуша ѝ се потсмева на блиската „другарка“ поради овој стајлинг (ФОТО)

Јелена Карлеуша и Маја Беровиќ беа блиски пријателки, сосетки и колешки. Постојано се фалеа јавно, се дружеа и гушкаа, и тоа траеше така се’додека Маја не направи „смртен“ грев кон ЈК и ја ослови нејзината најголема ривалка – Цеца Ражнатовиќ – со која контроверзната дива со години се влечка по судови, со „мајко“.

Оттогаш односите „заладија“, веќе не се блиски, не разменуваат комплименти и не се фалат една со друга. Но изгледа имаат ист вкус за модата, во што се уверија обожавателите на Карлеуша, кои први забележаа дека Маја го избрала истиот стајлинг како и нивната дива, само еден месец подоцна… И побрзаа да ја исмејат, нарекувајќи ја „Јелена Карлеуша од Али експрес“.

Разбирливо, ЈК побрза да направи „репост“ и да допише едно големо „LOL“ (гласно смеење).

Извор: Убавина и здравје

Најнови вести