среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Како Георгина Родригез од сиромашно девојче стана една од најпознатите жени во светот?

Како Георгина Родригез од сиромашно девојче стана една од најпознатите жени во светот?

Партнерката на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо (36), Георгина Родригез (27) денес е една од најпознатите жени во светот. Таа е манекенка и танчарка, но и мајка која ужива да споделува фотографии од својот луксузен живот, но и од животот на нејзините деца.

Покрај тоа што се грижи за четирите деца на Роналдо: синот Кристијано Јуниор (11), близнаците Ева и Матео (4) добиени од сурогат-мајка и нивната ќерка Алана, која неодамна го прослави 4-от роденден, таа во моментов е во петтиот месец од бременоста и носи близнаци.

Во продолжение, прочитајте неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за Георгина:

Георгина Родригез е родена во 1994-та година во Буенос Аирес (Аргентина) во периодот кога нејзиното семејство накратко престојувало во родната земја на нејзиниот татко.

Георгина Родригез е ќерка на Хорхе Едуардо Родригез, кој работел како тренер за фудбалски клуб, кога ја запознал нејзината мајка, Мароканката, Ана Марија Хернандез.

Додека Георгина била мошне мала, татко ѝ Хозе во целост исчезнал во следниот период од нејзиниот живот. Според пишувањата на медиумите, во тој период Хорхе бил осуден на затворска казна од 6 години заради продажба на дрога.

Георгина и нејзината сестра Ивана израснале во голема сиромаштија заедно со нивната мајка.

Постарата сестра на Георгина, Ивана, во изјава непосредно пред смртта на нивниот татко во 2019-тата, изјави дека обвинувањата за татко ѝ биле неточни и дека тие двете имале прекрасен однос со нивниот татко.

Непосредно по раѓањето на Георгина семејството повторно се вратило да живее во Шпанија. Таму, откако во 2011-та година ја загубила мајка ѝ во страшна сообраќајна несреќа, на возраст од 17 години, почнала да работи како келнерка.

Патот до високата мода, Георгина го започнала кога почнала да работи во бутикот на „Масимо Дути“ но брзо се соочила со проблем затоа што не го познавала добро англискиот јазик.

Додека студирала англиски јазик во Лондон истовремено работела и како дадилка во Бристол, каде што заработувала околу 14 долари за еден час.

Откако стекнала подобро познавање од англискиот јазик се вратила во Шпанија, каде што почнала да работи како продавачка во бутикот на „Гучи“ и каде што го сретнала идниот партнер Кристијано Роналдо во 2016-та година.

Отекогаш бев силна и имав цврст карактер. Цврсто верувам во судбина и во карма. Го добиваш она што го даваш“ – вели Георгина во нејзиното интервју за „Космополитен“.

Георгина во моментов ужива во луксузниот живот со нејзиниот партнер Кристијано Роналдо и нивните 4 деца, а е бремена со близнаци.

Во најавата за нејзиниот документарен „Нетфликс“, „Јас сум Георгина“ може да се забележи како им вели на пријателките дека со нетрпение очекува Кристијано да ја побара за сопруга.

Најнови вести