сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Карлеуша конечно се огласи: Кање Вест ми направи големи проблеми: Пејачката до детаљ ја објасни врската со раперот

Карлеуша конечно се огласи: Кање Вест ми направи големи проблеми: Пејачката до детаљ ја објасни врската со раперот

Во медиумите со денови се збори за тоа дека познатитот рапер Кање Вест ја заследил Јелена Карлеуша на Инстаграм.

Бидејќи неговата врска со Ким Кардашијан е завршена, озборувањата веднаш почнаа. Но дали во овие озборувања има нешто повеќе од само кликови кои ги собираат медиумите за српските медиуми откри Карлеуша.

-Само хаос ми направи по медиумите и социјалните мрежи, така да јас немам апсолутно ништо од тоа што тој ме заследил на Инстаграм, рече Карлеуша.

Но дали само ја заследил или се допишувале Јелена не сакаше да открие.

-Е многу прашувате. Сакам да кажам дека не ни знам кој е Кање Вест, но ќе биде многу глупаво и безврска. Не ми пиша. Немаме никаков контакт. Не знам зошто ме заследил, никогаш ништо нема да се случи. Значи може да ја заборавите таа приказна, истакна Јелена.

Карлеуша додаде дека не ни знаела дека Кање Вест е толку популарен во Србија, но додаде дека со тоа го оттргнала вниманието во врска со војната во Украина.

-Мора да кажам дека тој очигледно е една голема светска ѕвезда штом еден толку глуп follow направи таков хаос. Ја само поради штос се сликав во негови патики, ни на сон не ми беше дека луѓето во Србија толку се интересираат за него, па дури и војната помеѓу Рисија и Украина падна во втор план поради ова. Искрено мисалам дека сосема случајно ме заследил на Инстаграм, заврши Карлеуша.

Најнови вести