Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида пред една година се венчаше со Ивана Гугиќ, која е поранешен мис на Хрватска.
На нивната свадба присуствуваше и нивниот син Давид кој беше роден една година порано.
И додека за фудбалерот на Бешикташ многу се знае, за неговата сопруга речиси ништо не се знаеше во јавноста, но за време на СП во Русија таа речиси и да беше магнет за новинарите кои се заинтересираа за нејзиниот приватен живот.
Самиот факт што е активна на социјалните мрежи ги натера новинарите постојано да пишуваат за неа, а истото се случи и овој пат кога со нејзината најнова фотографија на Инстаграм се најде на повеќето светски интернет сајтови.
Ивана во бикини позирајќи пред карпа во вода го привлече целото медиумско внимание, како и фановите на својот сопруг кои се воодушевија од нејзиниот изглед, погледнете.