сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќе се снима продолжение на филмот за Георгина Родригез – темата ќе биде големата трагедија која им се случи на Роналдо и неа

Ќе се снима продолжение на филмот за Георгина Родригез – темата ќе биде големата трагедија која им се случи на Роналдо и неа

На шпанскиот фестивал посветен на телевизијата наречен „FesTVal“ бил прикажан клип од претстојната втора сезона на реалити серијата „I, am Georgina“, каде Георгина Родригез, инфлуенсерка и девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо, за првпат проговорила за загубата на нејзиниот син.

Георгина Родригез, наводно, потпишала голем договор со Нетфликс на почетокот на годината за снимање на втората сезона од нејзината реална серија.

Откако потврдила дека „I, am Georgina“ ќе се врати „наскоро“, се појавуваат рани детали за емотивните превирања низ кои таа поминала по катастрофалната загуба на нејзиниот син во април.

Директорот за забава на Нетфликс во Шпанија, Алваро Дијаз открил дека трагедијата што ја доживеале убавата манекенка и инфлуенсерка и нејзиниот партнер и фудбалер на Манчестер Јунајтед ќе биде клучен дел од втората сезона на серијата.

Во снимката со која се најавува серијата, која беше објавена на новинарите на шпанскиот фестивал, Георгина зборувала за трагедијата.

„Животот ми даде толку многу за толку кратко време. Оваа година во миг го доживеав најдобриот и најлошиот момент во мојот живот”, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Големо парче од моето срце се скрши и се прашував како можам да продолжам. Имав одговор поблизок отколку што мислев. Гледав во очите на моите деца и таму го видов единствениот начин да го направам ова, сите да бидеме заедно“, додала таа.

Родригез до сега многу не се огласуваше за смртта на едно од нејзините близнаци при породување, а оваа трагедија ја објавија со заедничко соопштение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Најнови вести