Пејачката Лепа Брена со своето семејство живее во луксузна вила во Белград, но покрај оваа куќа тие поседуваат и уште неколку недвижности.
Вилата во Белград има базен, како и огромен двор и ѕидана скара со летниковец каде често организираат прослави, но тука пејачката ги има и своите концертни проби.
Освен овој дом, познато е дека семејството поседува и куќа во Мајами, но таа е далеку поскромна од таа во Белград.
Вилата во Флорида е 250 метри квадратни, има три спални соби, два тоалети, трпезарија и кујна, а поплочена е со сосема обични плочки. Во дворот пак има мал базен кој ретко го користи парот кога ќе оди таму.
Според медиумите парот води доста поскромен живот во Америка отколку тука.
-Брена во Мајами не е позната како тука, па не ужива статус и бенефиции кои ги има на Балканот. Она таму оди да се одмара, но и да ги заврши своите куќни обврски бидејќи таму нема помошници во домот, вели извор за српските медиуми.
Тој додава дека кога пејачката ќе го напушти Балканот е обична жена или како што пее во нејзината песна „среќна жена“.