петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Која е новата снаа на Лепа Брена – живеела на Косово и завршила два факултета, денес е позната личност во соседството (ФОТО)

Која е новата снаа на Лепа Брена – живеела на Косово и завршила два факултета, денес е позната личност во соседството (ФОТО)

Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ не крие колку е среќен во врската со актерката од популарната серија „Игра судбине“, Милица Томашевиќ.

Сепак, малку кој знае дека Милица завршила два факултети, а своевремено работела и на РТС, каде ја водела емисијата „Луда народна ноќ“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Tomasevic (@mtomasevic222)

Актерката израснала во Косово, каде и ја добила титулата „Мис на Косово и Метохија“ во 2011 година, пишува „Блиц“.

Таа детството го поминала во родниот Зубин Поток, каде живеела до 13 години, по што се преселила во Белград. Завршила на Факултетот за уметност во Косовска Митровица, како и економија, која ја паралелно ја студирала. Сепак, како што истакнува во интервјуата, глумата ѝ е на прво место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Tomasevic (@mtomasevic222)

„Размислував за архитектура, но изборот падна на економијата, па заедно со оној за глума, полагав приемен и на Економскиот факултет и бев прва на ранг листата. Потоа одлучив да ги завршам и двете студии и бев принудена да се снаоѓам, по три месеци поминував дома и во Белград и некако успевам секогаш да вклопам сѐ. Беше тешко, но издржав, а сега економијата добро ми помага да се снајдам. Дури и колегите често ме прашуваат за економски и банкарски совет“ – изјави Милица во една прилика за „Глорија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Tomasevic (@mtomasevic222)

Милица важи за една од најзгодните дами на јавната сцена, а иако има и најголеми природни атрибути меѓу своите колешки, таа не го истакнува тоа. Многу е активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотки до сетовите, но и од луксузните патувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Tomasevic (@mtomasevic222)

Најнови вести