Среќата на младата пејачка е огромна!
Таа деновиве само ниже успеси, а по одличниот настап во Штутгарт, ќерката на Цеца Ражнатовиќ има уште една прекрасна причина за славење.
Имено, Анастасија неодамна го положила возачкиот испит, па првпат седна зад воланот и во таа пригода им се пофали на своите следбеници на Инстаграм.
Конечно во мојот автомобил. Тазе возач“, напишала задоволно насмеана на фотографијата, свесна дека по толку години фантазирање го остварила својот голем сон.
Имено Анастасија вози автомобил кој и го купи нејзината мајка уште пред две години кога немаше положено за кола.
Анастасија тогаш доби црвен џип од марката „Ренџ Ровер“ промовирајќи го во една емисија каде открива дека едвај чека да го положи возачкиот испит.