Кинеската блогерка Јуан Херонг собрала над 345.000 следбеници на Инстаграм и споделува фотографии од своето “напумпано тело“ и импресивни мускули.
Меѓутоа, како што вели таа, ова е само нејзино хоби покрај нејзината медицинска кариера. Додека нејзината земја е погодена од новиот коронавирус, Јуан открила дека работи на сузбивање на епидемијата, но и дека вирусот целосно ја сменил како личност, секако само во смисла на навиките, пишуваат од „Sputnik Internetional“.
Сопственичката на челичните мускули и лице како бебе е Инстаграм ѕвезда и ги убедувала своите следбеници дека таа и нејзините колеги ќе дадат многу за да се изборат со смртоносниот коронавирус.
Во една од нејзините неодамнешни објави, ѕвездата на социјалните мрежи споделила фотографија на која носи заштитна маска.
View this post on Instagram
„Сите се лечени со традиционална кинеска медицина и други симптоматски лечења. Ќе се потрудиме да направиме добра работа во превенцијата со лечење“ – напишала и порачала таа.
Докторката бодибилдер веќе одговорила на кризата, споделувајќи селфи фотографија во униформа на докторка и порака: „Јас сум доктор. Морам да бидам на линија на фронтот. Да дадам многу од себе и да помогнам во борбата со епидемијата“.
View this post on Instagram
In order to prevent infection after work, I still insist on fitness at home Use cabbage as dumbbell?
„За да ги спречам инфекциите по работата и понатаму инсистирам на фитнес дома. Користете зелка како тег“ – напишала таа.