Руската кралица на убавината чиј брак со поранешниот малезиски крал се распанда оваа година, објави ексклузивни фотографии.
„Еве го мојот принц“, напиша 27-годишната Оксана Воеводина.
Исмаил Леон сега има пет месеци, а неодоливо личи на Султанот Мухамед Петти, мажот за кој Оксана тврди дека е татко на нејзиниот син.
„Многу личи на татко му, а има и азиско лице“, рекла Оксана во ексклузивно интервју за „Меил онлајн“.
View this post on Instagram
Hello, my name is Ismail Leon. I’m 5 months old and my mom loves me very much??❤️
Тврди дека детето е зачнато на нивниот меден месец во Австралија откако се венчале во јуни 2018 година.
50-годишниот Султан се развел од Мисицата на Москва кога била во 4. месец од бременоста, а за да го заврши нивниот брак се послужил со најгрубиот облик на развод во Исламот и пред сведоци три пати се откажал од својата жена. Некогашните партнери се во конфликт поради финансии.
Разводот го покренал токму султанот, кој на почетокот на оваа година ја напуштил монархијата откако открил дека неговата сопруга има сексуални односи во базен во едно руско реално шоу кое се снимало во Мексико.
Воеводина тогаш пред камерите се претставила под лажно име – Никол, а со колегата од шоуто била интимна веднаш на првиот состанок.
Претходно се пишуваше дека султанот ја оставил мисицата затоа што мислел дека детето не е негово, но таа рекла дека ќе бара судска потврда дека тој е биолошки татко и дека е подготвена да направи ДНК тест.