Три години откако го ставил на продажба, Кристијано Роналдо го продал својот луксузен стан во облакодер на Петтата авенија во Њујорк за 11,3 милиони долари помалку од она што го платил во 2015-та година.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед во 2015-та година издвоил 18.5 милиони долари за стан од 762 квадрати, кој има девет спални соби, три купатила и спектакуларен поглед на Централ Парк.
Го продал во декември минататата година по цена од 7.18 милиони долари, откако поминал низ многу потешкотии за да се ослободи од него.
Станот се наоѓа во Кулата Трамп, а Роналдо го купил пред Доналд Трамп да стане американски претседател.
Поранешниот американски преседател бил во третата година од својот контроверзен мандат кога Роналдо го огласил својот стан за продажба.
Во тоа време, седум луксузни згради во Њујорк кои сè уште го носат името на Трамп, изгубиле повеќе од 20 отсто од својата вредност.