среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Кучето на Лепа Брена го искасало нејзиниот популарен колега: Фолкерот и дошол на гости, па искасан завршил на лекар!

Кучето на Лепа Брена го искасало нејзиниот популарен колега: Фолкерот и дошол на гости, па искасан завршил на лекар!

Во една прилика, фолк пејачот Драган Којиќ – Кеба решил да ја посети дома колешката Лепа Брена, која е и негова соседка, а кучето на Брена силно го гризнало. Кеба,гостувајќи во една емисија, открил како се случил овој необичен немил настан.

„Не знам што му бидна, што тоа се случи со него. Можеби Боба му дал ракија да проба“ – низ насмевка раскажал фолкерот и продолжил.

„Толку пати сме биле кај нив и немало никаков проблем, се’ било во ред. Изгледа дека тој почувствува љубомора, бидејќи веројатно претходно сум го галел мојот малтежанец. Морав така искасан да одам на лекар, каде добив тетанус и инјекција против беснило. Ме гризна толку многу, силно што и денес му го памтам“ – изјави Кеба во емисијата „Гранд специјал“.

Најнови вести