понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ЛАТИНСКО ИМЕ КОЕ Е РЕТКОСТ: Македонскиот актер стана татко, со сопругата не го заобиколија светскиот тренд на фотосесија (ФОТО)

ЛАТИНСКО ИМЕ КОЕ Е РЕТКОСТ: Македонскиот актер стана татко, со сопругата не го заобиколија светскиот тренд на фотосесија (ФОТО)

Изминатио викенд македонскот актер, водител и пејач Жарко Димоски ги изненади своите следбеници, барем оние што не знаеја, дека станал татко за првпат.

Жере и неговата сопруга Андреа преку специјална фотосесија обзнанија пред јавноста дека станале родители на машко бебе.

Мама и тато најпрвин ги подредија фотографиите од последните денови на бременоста, а потоа следеа и оние со наследникот кој веќе е меѓу нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea Josifova (@andrea_josifova)

Гордите родители се одлучиле на синот да му го дадат името Вито, кое има латинско потекло и значи живот.

Се повеќе јавни личности не го заобиколуваат трендот на фотосесија во бременсота и кога бебето ќе дојде на свет, а познатиот македонски актер и неговата сопруга не го исклучија.

Жарко и Андреа не сакаа пошироката јавност да знае за бременоста, а веќе еден месец се во проширен состав.

Тие дури сега се решија да ја откријат убавата вест преку комплетна фотосесија кога веќе сите се на број.

За потсетување, Жарко и неговата избраничка пред три години имаа и венчавка во Хрватска, но поради корона пандемијата чекаа некои подобри времиња за да ја реализираат свадбата која се случи лани во месец мај.

Честитки, да е здрав и жив Вито!

Најнови вести