среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Лепа Брена го проширува бизнисот – и понудиле милионска сума на пари, а кога ќе дознаете која славна пејачка ќе го рекламира нејзиниот бренд ќе подзинете

Лепа Брена го проширува бизнисот – и понудиле милионска сума на пари, а кога ќе дознаете која славна пејачка ќе го рекламира нејзиниот бренд ќе подзинете

Убавата Брена има причина да биде многу задоволна од бизнисот што го започна пред неколку месеци. Нејзините чорапи го освојуваат светот, поради што во овој момент траат преговорите за почеток на дистрибуцијата на истите и во преку окенаските земји.

Според изворот за српките медиуми, Лепа Брена добила понуда од американска компанија, која исто така произведува и продава чорапи, да го дистрибуира својот бренд во САД.

Се разбира, тие нудат огромни пари за тоа. Наводно, за првиот договор кој би важел една сезона (есен и зима) се подготвени да платат половина милион долари.

– Брена работи со полна пареа. Нејзе и се допаѓа бизнисот со чорапи, а понуди пристигнуваат од сите страни. Таа привлече одлични партнери. Сега и се отвора патот до американскиот пазар, каде што, инаку, со години има куќа. Пејачката никогаш не била толку продуктивна како сега, а овој деловен проект само дополнително ја мотивираше. Вклучено е целото семејство, а во преговорите со други фирми ќе и помага сопругот Боба Живојиновиќ – вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Според него, особено ја воодушевила сумата што ја добила за нејзиниот бренд, која е само на почеток:

– Сите знаеме дека е штедлива и се грижи за секој динар. Сумата што ја добила како понуда за соработка е феноменална и повеќе од очекувана. Мислам дека нема да се двоумат и дека наскоро ќе биде потпишан договор за соработка и дистрибуција. Таа има големи планови, сака да изгради фабрика, па сега Брена се концентрира на нашиот и на американскиот пазар и верувам дека тоа ќе заврши на обострано задоволство – вели блиската пријателка на Брена која е добро упатена во семејните и деловните односи.

Интересно е и тоа што светски познатата пејачка Карди Б како дел од својата приказна на Инстаграм сподели фотографија на која пејачката позира со чорапи:

-Јас сум Карди Б, а оваа дама е Лејди Б, има одлични чорапи, но и нозе – вели пејачката во видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cardi B (@iamcardib)

Најнови вести