Свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ е закажана во јуни, а секој ден се појавуваат нови детали поврзани со венчавката.
Гостувајќи во една емисија, Александра и нејзиниот кум Ацо Пејовиќ, открија уште некоја информација.
-Ќе биде весела свадба, ќе има многи колеги, сите ќе дојдат до микрофонот и тоа ќе биде весело. Зошто да не запее и невестата? Ќе има над 500 гости, истакна Пејовиќ, а Александра потврди дека подготовките се во тек.
-Го закажавме просторот, бевме и во црква, закажавме и таму. Пробав една-две венчаници само за да видам како ми стојат, уште не сум ја нашла онаа вистинската. Барам венчаница и во тоа ми помага мојата мајка, мајката на Филип Зорица. Секако ќе се консултирам и со Брена и со кумата, додава Пријовиќ.