Фолк ѕвездата Лепа Брена е позната по својот елегантен стил и скапите ткаенини од луксузни брендови, кои ги купува низ целиот свет, бидејќи многу патува.
Брена неодамна се појавила на еден настан, а модниот додаток на нејзината рака веднаш бил забележан.
Таа носи часовник од луксузна марка Rolex, а моделот што го носи Брена е Daytona Cosmograph кој содржи жолто злато и е обложен со црни керамички детали.
Како што е наведено на официјалната страница на овој бренд, цената на споменатиот часовник е 33.250 евра, а истиот часовник се наоѓа и на една од фотографиите на Инстаграм на познатата пејачка.