сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Маќеа за пример: Сузана Манчиќ на ќерките на својот избраник им го кажала ОВА пред да се омажи за него

Маќеа за пример: Сузана Манчиќ на ќерките на својот избраник им го кажала ОВА пред да се омажи за него

Иако помина речиси две децении во врска со грчкиот банкар Симеон Окомокос, водителката Сузана Манчиќ се омажи за него дури во 2018-та година.

Со оглед на тоа што Симеон има две ќерки од првиот брак, Сузана уште на самиот почеток сакала да расчисти со нив некои работи. Имено, водителката им објаснила на наследничките на Симеон дека таа има свој имот во Србија, дека тоа што го создала останува нејзино, а она што го стекнал нивниот татко им следува само на нив.

-Јас го сакам татко ви и тој ме сака мене, сакам да се омажам за него и сакам да бидете среќни поради тоа, сите да бидеме среќни, бидејќи нема да ви бидам пречка во никој случај, за ништо – им порачала идната маќеа, а со таа постапка ги воодушеви наследниците на својот избраник.

„Тоа, порано или подоцна, мораше да се каже, па добро е што со време јас го направив тоа“ – изјави водителката.

Таа додала дека првиот брак на нејзиниот сопруг завршил многу пред да се запознаат двајцата.

-Сима секогаш се грижеше за моите ќерки, како и јас за неговите. Заедно прославивме матура, дипломи и магистри, специјализации, свадби, крштевки, раѓање на внуци, бидејќи мојот Симеон во меѓувреме стана дедо. Сето тоа го поминавме заедно. Навистина, постои одредена јазична бариера меѓу нас, но со неговите деца комуницирам со моите очи, со рацете и со малиот грчки што го научив и можам да ви кажам дека многу добро се разбираме, посочи таа.

Најнови вести