петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Марија разочарана од Неда Украден: Ќе ја прашам зошто ми даде нула поени!

Марија разочарана од Неда Украден: Ќе ја прашам зошто ми даде нула поени!

Пејачката Марија Микиќ призна дека е разочарана од пласманот на песната „Љубовта ме инспирира“ во изборот за песна за Евровизија.

Како што истакна таа,  била разочарана од гласањето на стручното жири, најмногу од главниот член Неда Украден. Нејзината постара колешка не и доделила ниту еден поен.

-Најтешките делови ги пеев најдобро, но згрешив на почетокот на песната и бев подготвена да бидам “казнета“ поради тоа, но не бев подготвена Неда Украден да не ми даде ниту еден поен. Не ја познавам лично Неда Украден, но ја обожавам, бев на натпревари каде што ги пеев нејзините песни, ги пеам нејзините песни и денес на настапи. Таа е навистина икона и целата нејзина кариера, но од сите песни таа мене ми дава 0 поени. Би сакала да го знам одговорот некогаш. Кога ќе ја сретнам, ќе ја прашам, бидејќи сакам да знам зошто добив 0,  изјави Марија во една емисија.

Пејачката додала дека е разочарана од начинот на кој гласало жирито, бидејќи очекувала подобро да биде оценета.

Најнови вести