среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

МАРИНА НЕМА ДА БИДЕ ПОГРЕБАНА УШТЕ 10 ДЕНА – причината најмногу му го кине срцето на нејзиниот сопруг

МАРИНА НЕМА ДА БИДЕ ПОГРЕБАНА УШТЕ 10 ДЕНА – причината најмногу му го кине срцето на нејзиниот сопруг

Марина Туцаковиќ, која ја загуби битката по сериозната болест на 67 -годишна возраст, ќе биде погребана кога нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута ќе оздрави од коронавирусот.

Последните денови Марина ги помина во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“, каде што беше префрлена откако се разболе во вторникот, 14 септември, кога ѝ беше ставен апарат за дишење, и беше позитивна на коронавирусот, пренесува Блиц.

Последната желба на Марина беше да биде погребана покрај нејзиниот син Милош на Новите гробишта, а не во Алејата на заслужните граѓани. Сепак, датумот на погребот е одложен за да може Александар Радуловиќ Фута, најголемата љубов на славната Марина, да присуствува на нејзиното збогување во вечниот одмор.

Имено, Фута е заразен со коронавирус, и моментално е во самоизолација во својот стан во Врачар. Според, српските медиуми погребот најверојатно ќе се случи за десет дена, кога Радуловиќ ќе се опорави од вирусот и така најблиските со него би можеле да ја испратат Марина на вечен одмор.

Да потсетиме, Фута низ солзи зборуваше за медиумите по веста за смртта на Марина, велејќи: „Вистина е“, потврдувајќи ја најтажната можна вест – дека неговата сакана почина.

Најнови вести