Пејачот Жељко Шашиќ откри дека како млад ја сакал рок музиката иако денес е фолк пејач.
Тој откри дека песната што го прослави е „Gori more“, снимена по наговор на легендарната Марина Туцаковиќ.
-Марина рече дека сум многу соодветен млад пејач за неа, со глас и изглед. Сакаше да испеам песна во која морето ќе гори и планините ќе се стопат, а јас ќе мавтам со долгата, бушава, кадрава коса и тоа беше вистинскиот спој, откри Жељко.
Иако животот на една поп ѕвезда е често бурен и полн со предизвици, Жељко по повеќе од триесет години кариера може сам да каже дека успеал, за разлика од многумина.
„Успеав во друга смисла, се штедев колку што можев, не испаднав лошо“ – изјави во една емисија.