среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Милица Павловиќ си ги “полни батериите“ на луксузен одмор, а фановите ги почести со секси фотографии

Милица Павловиќ си ги “полни батериите“ на луксузен одмор, а фановите ги почести со секси фотографии

Пејачката Милица Павловиќ замина на одмор во Грција да ги наполни батериите, а не штедеше трошоци за најлуксузните дестинации што ги посети.

Имено, пејачката наводно искеширала дури 25.000 евра за луксузен одмор и поминување време на најпрестижните грчки локации, пишуваат медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

-Милица е работохолик и често заборава дека одвреме-навреме и треба одмор, но кога ќе реши да оди на одмор сака да се почести со најдоброто што и се нуди. Овој пат ја избра Грција, каде сменила дури три локации, од кои секоја е на самиот врв кога се во прашање услугите и високите цени. Првите четири дена на Миконос Милица ги помина во хотел во кој ноќевање чини 2.000 евра, а друштво и правеше нејзината најдобра пријателка, манекенката Кристина Периќ, со која е пријателка од 2014 година. Тие две редовно излегувале во најскапите ресторани, а трошеле од 500 до 1.000 евра за ноќ, рече изворот, а открива дека Милица потоа отишла во Атина да договори нови проекти со нејзиниот долгогодишен соработник, грчкиот композитор Фивос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

-Иако е на одмор, Милица не можеше да не ја искористи можноста за нови деловни потфати. Таа избрала хотел во строгиот центар на Атина каде ноќевање е 700 евра и истиот ден се сретнала со Фивос. Слушала нови мелодии за да избере барем неколку за новиот албум кој го подготвува за следната година и со тоа покажа дека умее да го спои убавото и корисното – вели извор близок до пејачката и наведува дека по еден тридневен престој во Атина, Павловиќ реши да почести уште една луксузна дестинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

-Кога успешно заврши се што планираше во Атина, Милица последните пет дена од одморот ги искористи да замине на островот Парос со нејзината најдобра пријателка, кој воедно е една од најскапите локации во Грција. Тие биле во хотел кој се наоѓа на само неколку метри од морето, кој чини 900 евра од ноќ. Потценување е да се каже дека таа беше воодушевена од местото. Кога се ќе се собере, таа платила дури 16.000 евра само за хотели, а кога на тоа ќе се додадат излегувањата и журките по скапи ресторани, ексклузивните екскурзии и обиколките на грчките острови, за кои одвоила околу 9.000 евра, е јасно дека одморот ја чинел повеќе од 25.000 евра, вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Најнови вести