Пејачката Лепа Брена летува со семејството на луксузната јахта што ја купи со сопругот Боба Живојиновиќ. Тие цело лето го поминуваат крстарејќи по јадранскиот брег, а Брена неодамна сподели фотографија од јахтата на која се гледа како ужива на масата со чаша вино во рака.
Како што претходно пишуваа медиумите, јахтата на Живојиновиќ вреди околу шест милиони евра, а Брена во една прилика објасни за каква инвестиција станува збор.
„Па, тоа е убав мал брод од околу 100 стапки, со пет, шест спални соби. Тоа не беше само подарок за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто бидејќи тоа беше специфична ситуација“, изјави Брена.
„Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така барем имав една година пауза и одмор за да го правам она што навистина го посакував цел живот, да пловам и да бидам на вода. Ги сакам морето и водата. Сакам бродови. Секако дека не стигнав да посетам се што сакав“, изјави Брена во претходното интервју за Курир.рс