сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Мира Шкориќ откри дека Туцаковиќ ја уценувала за оваа песна, проговори и за болеста

Мира Шкориќ откри дека Туцаковиќ ја уценувала за оваа песна, проговори и за болеста

Пејачката Мира Шкориќ испеа многу хитови кои и денес се слушаат насекаде, а после 30 години откри дека била уценувана да отпее една песна.

Тогаш Мира била на почетокот на кариерата, а покојната Марина работела на нејзиниот албум.

Тукаковиќ, Фута и Злата напишале песна која, како што вели Мира, не сакала да ја пее. Сепак, да не ги послушала, денеска ќе зажалеше.

-Тоа беше 1991 година кога албумот го направија Марина, Фута и Злата. Не сакав да ја снимам песната „Зошто го носиш мојот прстен“, си ја кубев косата од глава. Марина ме уценуваше и ми рече дека ако не ја снимам таа песна, нема да добијам ниту една друга песна, изјави Мира во емисијата „Милизам“.

Мира потоа се осврна на нејзиниот тежок период и болеста со која се бореше.

„Во текот на целата кариера имав сериозни падови. Ме погоди таа страшна болест и не сакам да зборувам за неа… Тешко е само кога ќе се сетам на тој период кога имав четири операции на онкологија, кога животот ми висеше на конец, со прашањето дали некогаш би можела да пеам, и сите тие медиумски паузи што одеа заедно со тоа… Најлошо ми беше што многу луѓе од мојата околина, некои медиуми, па дури и пријатели и колеги мислеа дека нема ништо од мене, дека нема да пеам“, рече Мира.

Најнови вести