Ѓорѓе Давид сними изведба во живо на песната „Ти само биди доволно далеку“ во чест на покојните автори на таа песна, Корнелие Бата Ковач и Марина Туцаковиќ.
Како што рече рокерот, засекогаш ќе им биде благодарен на Бата и Марина бидејќи сè уште живее од музиката што тие двајца ја пишувале и создавале пред неколку децении.
-Марина и Бата со леб нè хранат нас музичарите и мртвите од гроб! Благодарение на нив секојдневно заработуваме, не само јас, туку и целата естрада. Јадеме од тие пари, плаќаме гориво, патуваме, си го живееме животот… Не ми е јасно зошто никој нема да го каже тоа. Еве, јас ќе бидам прв. Затоа решив на некој начин да им се заблагодарам преку оваа песна, вели Ѓорѓе.
Со покојниот Корнелие, кој почина пред неколку месеци, рокерот беше близок соработник.