Пред два дена како бомба одекна во јавноста веста дека се омажила ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија со фудбалерот Немања Гудељ.
Откако двајцата споделија фотографии на Инстаграм дека се венчале покажувајќи ги златните бурми, веднаш започнаа шпекулации кога навистина се случил тој брак кој никој не го дознал во јавноста.
Како што добро информиран извор открива за српските медиуми Анастасија и Немања пред Бог се заколнале на вечна љубов пред еден месец и тоа пред фудбалерот да замине за Америка каде одигра три мечеви, а првиот беше на 31 јули.
-Црквената венчавка не можеше да биде направена овој период бидејќи започнат е богородичниот пост кој трае од 14 до 28 август. Во договор со духовниот светец на семејството Ражнатовиќ Анастасија и Немања се договориле да го склопат бракот пред тој да замине за Америка. Не им требало многу време, бидејќи се на се имале околу 10 сватови, членови на семејството и најблиските пријатели, вели извор за српските медиуми.
View this post on Instagram
Според него семејството Гудељ се одлучило да го склопи бракот во манстирот Рајиновац, а не во храмот Св. Сава како би биле сигурни дека нема никој да дознае и да ги информира медиумите.
-Тие сакале да се венчаат во храмот на Врачар, но сфатиле дека таа информација брзо би дошла до јавноста како што неодамна беше случајот со крштевката на малиот Крстан, што исто така ја криеја. Владиката Стефан затоа им го предложи овој манастир каде ќе бидат на безбедно. Парот веднаш прифатил, бидејќи и тие веќе неколку пати биле таму, а Цеца пред неколку години била кума на славата на манастирот, вели изворот.
View this post on Instagram
Инаку како што пишуваат медиумите, парот планира голема свадба во Шпанија следното лето.