Речици и два дена по мечот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус целата планета се уште зборува за спорниот пенал секунди пред крајот на мечот и нанесената неправда на Јувентус од страна на судијата.
Но она што деновиве им го привлече вниманието на медиумите на Балканот е тоа што на мечот во Мадрид на Сантиаго Бернабеу помеѓу илјадниците фанови на Реал Мадрид присуствуваше и хрватската ѕвезда Северина.
Имено таа заедно со синот и сопругот навиваа заедно за победа и пласман на шпанскиот клуб во полуфиналето во ЛШ, а фотографиите ги споделија на Инстаграм, погледнете.