Марина Туцаковиќ со децении важеше за една од најдобрите текстописци на овие простори, па затоа многумина пејачи често доаѓаа на нејзината врата.
Таа имаше напишано безброј хитови, кои и донесоа брдо пари низ годините наназад.
Пејачката Неда Украден неодамна раскажа една анегдота во врска со нејзиниот хит од осумдесеттите години „Зора је“.
-Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ со кого неколку пати се скаравме околу насловот на истата. Прво ја нарековме „Јован зора је“, па потоа „Милан зора је“, а потоа конечното име „Зора је“, раскажува Украден.
Таа вели дека потоа и се јавила на Марина која напишала само еден стих, а тоа е „Суза је из ока кренула“, а неа овој стих и донесе преку 100 илјади евра.
Инаку најпознатата српска композиторка почина на 67 годишна возраст откако ја загуби битката со ракот, а претходно го загуби и синот на само 24 години кога го пронашла мртов во својата соба.